Пратеникот Фатмир Битиќи во Собранието

Битиќи: СДСМ е против алармантните измени на Законот за јавни набавки, бараме јавна расправа

„Предлог-законот за јавни набавки поднесен од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ го сметаме за алармантен. Овој алармантен тренд за носење на закони по скратена постапка отвора простор за манипулација и злоупотреба на институционалната моќ и ограничување на транспарентноста. Праксата не само што го намалува квалитетот на законите, туку ја загрозува и довербата во парламентарниот систем. Бидејќи граѓаните ја губат можноста да бидат информирани и да бидат вклучени во процесите“, вели пратеникот од СДСМ Фатмир Битиќи.

„Наместо отворена дебата, критичко размислување и соочување на аргументите сведоци сме на молскавично туркање на законски измени кои често служат за политички интереси и краткорчни решенија. Дополнително оваа практика го нарушува и системот на правна сигурност, што е еден од клучните столбови на правната држава, еден од основните постулати на демократските општества, а тоа е инклузивноста. Кога законите се носат без консултација со засегнатите страни, без отворени дебати и без јавна расправа тој процес ја губи демократска легитимност. Токму ова се случува со предлог измените за јавни набавки за којшто слушаме низа на критики од граѓанаскиот сектор и демократски платофрми, здруженија кои ги следат појавите на корупцијата“, вели Битиќи.

„Со предлогот поднесен од седуммина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ има еден нов обид за смена на Комисијата за жалби по јавни набавки, се одземаат ингеренциите на Бирото и се укинува одредбата за транспарентност. Нема потреба веќе ниту за докажување на стручноста, познавањето на странските јазици, за лицата кои ќе бидат членови на државната Комисија за жалби по јавни набавки. Впрочем се укинуваат две суштински работи: едната е укинување на управната контрола, единствениот механизам за контрола на јавните набавки од поголем обем, за стоки и услуги и за работи во државата. Се воведува административна проверка наместо управна контрола. Второ, се укинува можноста за јавно објавување на мислењата на Бирото за јавни набавки и исто така и јавните набавки во самото биро. Да не зборувам за зголемување на бројот на членовите, начинот на нивно разрешување и докажвањето на познавањата. Сметаме дека е ова директен упад во системот на јавни набавки“, рече Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!