Фото: Влада на Република Северна Македонија

Битиќи бара итна примена на Законот за нефер практики за да се намалат цените

Пратеникот и ексвицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи истакна дека граѓаните живеат сè потешко, а владата не презема системски мерки и потенцираше дека мора итно и целосно да се применува Законот за нефер трговски практики, како системско решение со чија имплементација ќе се намалат цените и до 30%.

-Кога го имате тој механизам, да кажете дека не можете да интервенирате тогаш, вистина е многу сериозен проблем во функционирањето на институциите и на целокупната влада, тоа е бегање од системско решение на проблемите. Граѓаните секојдневно плаќаат повеќе, граѓаните секојдневно живеат победно, отколку што живееле вчера, а владата дава грејс период на спроведување на закон. Каков е тој грејс период во спроведување на законите на штета на граѓаните? Цените ќе паднат за 30% пониско и ќе се реши проблемот системски само со примена на Законот за нефер трговски практики, истакна Битиќи.

Мерката којашто сега владата ја презема со замрзнување на маржи е недоволна и власта принудно ја презема иако во опозиција ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваше, додаде тој потенцирајќи дека е нелогично да има стапка на инфлација од 3%, а да има зголемување на цените и до 30%.

-Македонија е една од ретиките земји во кои има ниска стапка на инфлација и зголемување на цени во малопродажба и севкупно 10 пати повеќе од стапката на инфлација. Во моментов стапката на инфлација е 3%, а имаме зголемување на цени од 30%. И тоа е нелогично однесување за што власта мора да преземе мерки, а не да вели дека прави анализи. Нема чекање, затоа што така дава одредени претпоставки дека можеби нешто друго се крие позади – потенцираше пратеникот Фатмир Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот