
БИСТРО КОМЕДИЈА, општествено одговорен угостителски објект во центарот на Скопје
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ СЕ ЧИТА ВО БИСТРО КОМЕДИЈА!
Неодамна на нашиот официјален инстаграм-профил @slobodenpecat, сосема спонтано и автентично – на ваше барање, а на наше задоволство – започнавме иницијатива за поголема видливост на традиционалните медиуми преку понуда за читање весници во македонските угостителски објекти.
Препорачано
Еден од првите угостителски објекти кои се приклучија на иницијативата е култното скопско место „Бистро комедија“, кое се наоѓа во центарот на Скопје и важи за омилена локација за пијалок и храна на различни генерации локалци и посетители.
БИСТРО КОМЕДИЈА – вкусна храна, пијалоци и разновидни културни настани на една од најубавите тераси во Скопје
Театар Комедија важи за едно од омилените културни места на жителите на Скопје, меѓутоа зад него се наоѓа и еден угостителски објект кој дефинитивно ги освои симпатиите кај локалците и туристите – „Бистро комедија“.
Штом се упатите зад објектот на театарот, ќе ве пречека една фина, пространа тераса која важи за едно од омилените места за културни настани веднаш штом настапи пролетта со сончеви денови. Големиот отворен простор на „Бистро комедија“ и одличната организација на тимот овозможува разновидни забавни настани за сите генерации.
Од фестивали за улична храна, до поп-ап и слични тематски настани, како и врвни имиња за урнебесно стенд-ап шоу, „Бистро комедија“ успешно се етаблира и сега важи за една од неизбежните локации на скопската културна сцена. За нас, омилен момент од терасата е масивниот мурал од неповторливиот Горан Стефановски зад летниот бар, како и сите други обоени ѕидови кои придонесуваат за уште потопла и кул атмосфера.
„Бистро комедија“ е идеално место за дружење, како за луѓето, така и за животните, затоа што тука милениците се добредојдени. Пријателската атмосфера е сеприсутна, па ова е одлично место и за соло посета по пијалок и храна, идеално место и за работа во претпладневните, тивки часови, како и за да прочитате што има ново и што се случува околу вас со нивната понуда на Слободен печат за сите посетители.
Кога станува збор за храната, неодамна „Бистро комедија“ ги здружи силите со „Мустакос“, локално бистро за мексиканска храна познато по присуствата на локалните поп-ап настани низ градот. Така, отсега во „Бистро комедија“ доминантна е мексиканска храна, но на менито се достапни и некои јадења автентични на „Бистро комедија“, како препознатливиот колбас, „барбикју“ крилцата, „веџис“ компирите итн. Ги истакнуваме најпрочуеното и најспецифичното традиционално јадење „Бириа такос“ од бавно печено јунешко месо, со кромид, коријандер и кашкавал, но и нивните кесадиљите и буритото!
Мисијата на ова место, како што велат од „Бистро комедија“, е да продолжат да шират култура преку нивните одлични настани, односно, да растат со настаните! И автентичноста им е во приоритетите, но таа е неизбежна да се забележи и почуствува по само еден посетен културен настан или уживање во богатато мени на „Бистро комедија“.
ЛОКАЦИЈА: Булевар Свети Климент Охридски број 31 (Позади Театар Комедија)
РАБОТНО ВРЕМЕ: од понеделник до петок 08:00 – 00:00 / сабота и недела 09:00 – 00:00
СЕ ЧИТАМЕ ВО БИСТРО КОМЕДИЈА!