Бислимовски: Немаме ниту една поплака од граѓаните за парното

Парното стартуваше од 15 октомври како што е предвидено  и функционира  без никаков проблем. Во овој момент немаме ниту една поплака од граѓаните, изјави  денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.

Поради реакции дека е претопло во одредени станови со висока енергетска ефиканост, како што рече, од БЕГ побарале да го оптимизираат начинот на кој тие згради ќе добиваат топлинска енергија.

-Имаме реакции дека во одредени станови кои имаат висока енергетска ефикасност во одреден период од денот се прегреваат, така што операторот најмногу го  оптимизира системот, а најголем дел од поплаките особено во новоизгадените објекти е дека е претопло. Од БЕГ побаравме да го оптимизира  начинот на кој овие згради  со висока енергетска ефикасност ќе ја добиваат топлинската енергија бидејќи не можат да важат истите услови и за новите згради,  а да важат и за постарите згради. Да не се доведуваме во ситуација  да имаме станови со 25 -26 степени и граѓаните да ги отвораат прозорците, а енергијата да оди во ветер, изјави Бислимовски,  по средба  со претседателот на Градежната комора при ССК Ивица Јакимовски.

Беслимовски: Снабдувачот во зимските месеци не смее да ги исклучува ранливите потрошувачи поради неплатени сметки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот