Бил Клинтон/Фото: МИА

Бил Клинтон утре во Албанија ќе се закити со „Ѕвезда на благодарноста“

Поранешниот американски претседател  Бил Клинтон, утре ќе допатува во дводневна посета на Албанија, при што ќе му биде врачено признанието  „Ѕвезда на благодарност за јавни достигнувања“.

„На 3 и 4 јули, 42-от претседател на Соединетите Американски Држави, Бил Клинтон, првпат ќе ја посети Албанија. Клинтон и  делегација што го придружува ќе допатуваат во Тирана во понеделник, 3 јули, попладне, каде во 19 часот ќе бидат примени од премиерот Еди Рама на специјална официјална церемонија на булеварот „Народни херои“ пред владата со учество и на граѓани, јави државната агенција АТА.

По изведувањето на националните химни на САД и Албанија, премиерот Еди Рама, на чија покана доаѓа Клинтон, ќе си разменат знамиња на двете земји.

Во 19.25 часот ќе се одржи церемонијата на врачување на  признанието  „Ѕвезда на благодарност за јавни достигнувања“ на која свои обраќања ќе имаат Рама и Клинтон.

„Ова предвидена и планирана посета подолго време која ја чувавме во тајност само поради какво било изненадување што може да го има неговата агенда. Тоа е средба за да се овозможи доаѓање  на претседателот Клинтон во Албанија. Тој бил на Косово, го знае Косово, но никогаш не бил во Албанија, додека за Албанците тој и неговото семејство имаат огромна почит и чувство на наклонетост“,  рече Рама во врска со посетата.

Зборувајќи за агендата на посетата, Рама информира дека „ќе му приредиме албански пречек и ќе му дадеме можност малку да се запознае со Тирана“.

Додаде дека „ова е посета и воопшто не е во контекст на оваа актуелна  несреќна реалност“.

„Двајцата големи татковци на она што се случи на Косово се Бил Клинтон и Тони Блер, но дојде момент кога децата не ги слушаат своите татковци“,  додаде Рама, мислејќи на непослушноста на косовскиот премиер Албин Курти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот