Без струја и вода
Фото: Архива на „Слободен печат“

Без струја Бањани и дел од Кисела Вода, без вода улиците на потегот од Владата до градскиот Стадион

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без струја денеска од 09:00 до 15:00 часот ќе  останат корисниците од дел од с. Бањани и викендиците кон манастирот Св. Илија во Општина Чучер Сандево, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Од 10:00 до 11:30 часот, електрична енергија ќе немаат и корисниците од дел од ул. Студеничанска, а од 10:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од ул. Малешевска во Општина Кисела Вода.

Вода, пак, од 09:00 часот до завршување со работните активности, ќе немаат корисниците од улиците на потегот од Влада до Градскиот стадион во Општина Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!