Без голови на „Виталити“ – реми меѓу Борнмут и Њукасл

Во натпревар од петтото коло на Премиер лигата, Борнмут и Њукасл Јунајтед одиграа без голови (0-0) на „Виталити стадионот“. Гостите од Њукасл имаа поголем посед и иницијатива, но не успеаја да ја пробијат цврстата одбрана на домаќините.

Тренерот Еди Хау одлучи да одмори неколку клучни фудбалери по напорниот европски дуел со Барселона, меѓу нив и Жоелинтон и Бруно Гимараеш. Елaнга и Барнс влегоа дури по 60. минута, но ниту тие не донесоа пресврт.

И покрај доминацијата на теренот, Њукасл остана без конкретна закана, додека Борнмут успешно се бранеше. На натпреварот беа поништени по еден гол на двете страни, што дополнително ја потврди израмнетоста на дуелот.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот