БЕЗ ДРЖАВНА ПОДДРШКА ЗА ЛГБТИ ЛИЦАТА: Трамп го укина законот на Обама

Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, демократката Нанси Пелоси, остро му одговори на Трамп.

Претседателот на САД, Доналд Трамп донесе одлука, која несомнено ќе биде поддржана од неговата изборна база во конзервативните и религиозните кругови.Трамп одлучи да ја укине државната поддршка за ЛГБТ популацијата во здравствениот систем, којашто ја воспостави неговиот претходник Барак Обама.

Американскиот секретаријат за здравство оцени дека „новите правила ќе спречат сексуална дискриминација во согласност со изворното биолошко значење на терминот пол“, објави АП.

Оваа одлука беше донесена на 12 јуни, датум на кој се бележи годишнината на смртта на 49 лица кои ги изгубија своите животи по масовното пукање во ноќен клуб во Орландо, Флорида. Во трагедијата починаа многу припадници на ЛГБТИ задницата.

Согласно промените, САД се враќаат чекори наназад бидејќи сега на медицинските лица повторно им е овозможено да ги дискриминираат пациентите и тоа да помине неказнето. Според студија во 2010, една од пет трансродово жени во САД се соочила со дискриминација во приватното здравство поради нејзиниот родов идентитет, а дури 28 отсто од трансродовите пациенти биле жртви на некакво вознемирување, пренесува Вокс.

ЛГБТИ организациите бараат недвосмислена заштита која е неопходна за лицата на кои им е потребна клиничка промена на полот, како и на трансродовите лица на кои им треба третман за честите заболувања како дијабетес или кардиоваскуларни заболувања.

Многу конзервативци ја поддржуваат одлуката на Трамп, тврдејќи дека политиката на Обама кон ЛГБТИ популацијата и пристапот до здравствениот систем им ја „одзема на лекарите слободата да донесуваат одлуки во согласност со нивната совест“, доколку „веруваат дека интервенцијата се коси со нивните морални принципи“ или сметаат дека е „штетна“ и „неадекватна“ за некои пациенти.

За време на владеењето на Обама со САД, дискриминацијата и одбивањето да се пружи медицинска грижа на пациент поради лично неодобрување на нивната сексуална ориентација, родово изразување или идентитет беа нелегални.

Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, демократката Нанси Пелоси, остро му одговори на Доналд Трамп за ваквата одлука.

– Религиозните слободи не смеат да бидат изговор за омраза и ароганција, затоа што секој Американец има право да побара и да добие соодветна медицинска помош без заплашување и притисок – истакна Пелоси.

Пелоси преку објава на нејзиниот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Нашата нација е сред здравствена и економска криза во огромни размери. Срамната одлука на Администрацијата е напад на здравјето на жените, обоените заедниците, пензионерите, попречените и ЛГБТИ заедницата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!