
Бесплатни и евтини подароци кои ќе им ги разубават празниците на децата
За време на новогодишните и божиќните празници, секој од нас сака да ги израдува најмладите членови на семејството со некој убав и забавен подарок. Но, мора да знаете дека не ви се потребни многу пари за да им ги разубавите празниците на децата.
Препорачано
Хана Меган е млада мајка која на социјалните мрежи споделува совети за домашна едукација на децата и за тоа како да бидеме понежни во родителствувањето.
Во една од нејзините последни објави на платформата ТикTок, таа сподели неколку идеи за подароци за кои нема да потрошите многу, но со кои ќе ги развеселите вашите деца и ќе поминете квалитетно време со нив.
„Временски ваучери“
Овој подарок е потполно бесплатен и целосно рачно изработен. Хана објаснува дека „временските ваучери“ делуваат како купони или картички за подарок што вашите деца можат да ги заменат со квалитетно време поминато со своите родители.
„На пример, тоа може да биде печење торта со мама или излегување на кафе со тато, прошетка во парк или филмска вечер со родителите“, вели Хана.

Украсување на детската соба
Хана им предлага на родителите да создадат свои украси за детските спални соби.
„Ова го направив за собата на моето девојче бидејќи таа е опседната со панди“, вели Хана.
Имено, креативната мајка создала отпечатоци од панди на бесплатната платформа за дигитална уметност „Канва“ и ги испечатила.
„Ова е многу едноставно, потполно бесплатно и на неа ѝ се допаѓа“, додала таа.

Напишете им писмо
Пишувањето писмо е уште еден бесплатен подарок со големо значење, вели Хана, која им препорачува на родителите да седнат и да им напишат писмо на нивните деца.
Писмото би можело да резимира сè што сте направиле заедно со вашите деца во текот на годината и да ја нагласи вашата гордост која ја чувствувате кон нив.
„Тоа би можело да биде навистина посебно за детето“, вели Хана.

Споменар
Слично на писмото, Хана предлага да им подарите споменар на вашите деца. Споменарот може да биде составен од фотографии, пораки, влезници од настани и слични нешта кои се спомени на разни случувања.
„Ова е одличен начин да ги зачувате спомените – децата ќе сакаат да се навратат на настаните кои им се случиле“, вели таа.

Членство
Наместо да им купувате играчки кои бргу ќе им здосадат, Хана советува да ги зачлените на некоја активност која ги интересира.
„Членството е навистина добра идеја бидејќи на тој начин тие ќе добијат нешто што ќе трае во текот на целата година“, вели Хана.
Можете да ги зачлените во библиотека или да им уплатите годишна претплата за некое едукативно и забавно списание.

Прошетка
Хана препорачува да го поминете својот слободен ден во седмицата со вашите деца и да ги правите оние активности кои им се допаѓаат.
„Ако има некое место коешто вашите деца сакаат да го посетат, како што е Зоолошката градина, фудбалскиот стадион или киносала, ова би можело да биде навистина убава идеја“, вели таа.

„Забавна тегла“
Нејзиниот последен предлог е т.н. „забавна тегла“, во која ќе ставите ливчиња на кои ќе бидат испишани разни забавни активности. Тоа што ќе го изберат вашите деца, по случаен избор, е активност која ќе мора да ја правите.
Хана вели дека активностите можат да бидат најразлични – од составување Лего коцки, до цртање суперхероји.
@hannahhomeeducates These cheap or free Christmas gifts are thoughtful, meaningful and invaluable to kids! I think they are a great way to show your child that you really consider them and several of them are great ways to spend time together too- which is one of the most important things about Christmas! They’re also ideal for doing Christmas on a budget or a plastic free Christmas ☺️ #plasticfreechristmas #christmasonabudget #costoflivingcrisistips #costoflivingcrisisuk #thoughtfulgiftideas #christmasgiftsforkids #plasticfreegift ♬ original sound – Hannah Home Educates