фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Бернардо Силва: Немаме шанси за титулата во Премиер лигата

Фудбалерот на Манчестер сити, Бернардо Силва покажа дека е цврсто на земја и ги процени шансите на „граѓаните“ за титулата во Премиер лигата.

Тимот на Пеп Гвардиола е дури шести во генералниот пласман и цели 14 бода зад лидерот Ливерпул.

Според Силва, шансите за титулата на Сити се многу мали:

– Треба да се помириме со реалноста. Во моментов не гледаме каде се Ливерпул и Арсенал бидејќи сме на шестото место. За нас најважно е да ги освоиме трите бода на следниот натпревар и да се искачиме на четвртото или третото место.

На само 10 кола пред крајот можеме да направиме некои калкулации и да размислиме за одредена позиција. Ништо не е невозможно во фудбалот, но нема сомнеж дека сме надвор од конкуренција за титулата. Доцна е да се вратиме на тоа. Луѓето велат дека не можете да ја освоите титулата во јануари, но сигурно можете да ја изгубите – вели играчот од средниот ред, Силва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот