Фото: EPA-EFE/Danish Defence Command

Берлин тврди дека „Северен тек“ можеби е саботиран за да се оцрни Украина

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска предупреди дека не треба да брза со заклучоците за одговорноста за саботажата на гасоводот „Северен тек“, сугерирајќи дека е можно да се работи за т.н. напад со „лажно знаме“, чија цел беше да се оцрни Украина.

Писториус коментираше напис на „Њујорк Тајмс“ кој, повикувајќи се на разузнавачки служби и американски претставници кои го виделе, објавил дека зад саботажата на „Северен тек“ може да стои „проукраинска група“. Да потсетиме, истрагата за причините за минатогодишните експлозии на гасоводот Северен тек, преку кој рускиот гас пристигнуваше во Европа пред војната во Украина, сѐ уште трае.

Западните земји веруваат дека гасоводот бил намерно саботиран, но сè уште не заклучиле кој стои зад експлозиите. Русија, без да обезбеди докази, ги обвини САД и Велика Британија за саботажата.

„Мораме да разликуваме дали тоа беше украинска група, дали тоа се случи по налог на Украина или дали проукраинската група дејствуваше без знаење на нејзината влада. Нема потреба да трчаме пред пеглата“, рече Писториус на маргините на самитот на министрите за одбрана на Европската унија што се одржува во Стокхолм.

Тој рече дека „подеднакво е веројатно дека се работи за таканаречена операција со лажно знаме со цел да се префрли вината на Украина“. На истиот самит, украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников рече дека медиумските извештаи за саботажа на „Северен тек“ се „малку чудни“ и дека украинската влада „нема апсолутно никаква врска“ со саботажата на „Северен тек“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот