сајбер безбедност фото: МИА

Белгија одвојува 55 милиони евра за зајакнување на сајбербезбедноста на институциите

Оцаа година, од Федералниот буџет на Белгија ќе бидат издвоени 55 милиони евра наменети за зајакнување на сајбербезбедноста на државните институции, најави денеска белгиската министерка за јавни работи и модернизација Ванеса Мац, пренесува ВРТ.

– Кибер нападите врз инструкциите може да ги оневозможат клучните услуги за граѓаните, да го наруши континуитетот на јавните услуги, па дури и да компромитираат чувствителни податоци, истакна Мац.

Според неа, Центарот за сајбебезбедност на Белгија во просек добива информации за по 45 онлајн инциденти месечно, при што овие закани главно доаѓаат од „руски, кинески или други хакери“, кои имаат за цел да ја ослабат земјата.

Се предвидува овие 55 милиони евра да бидат искористени за создавање на робустен дигитален штит за секоја федерална институција, без разлика на нејзината големината.

Овие мерки, според Мац, ќе вклучуваат и надградба на основните ИТ алатки, бидејќи некои институции се уште користат софтверски лиценци кои не ги исполнуваат врвните стандарди за сајбер безбедност.

– Ќе биде достапен и централизиран центар за информатичко-комуникациски технологии, од кој пред се корист ќе имаат помалите и честопати помалку опремени и поранливи структури, додаде белгиската министерка.

Мац најави дека имајќи го предвид „променливиот пејзаж на закани“, властите ќе ја следат состојбата и доколку е потребно подготвени се и за преиспитување на ресурсите за сајбер безбедноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот