Џен Псаки, портпаролка на Белата куќа/ фото: EPA-EFE/Oliver Contreras

Белата куќа за заканата со рускиот нуклеарен потенцијал: Имаме капацитет да се одбраниме

Одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги стави нуклеарните сили на Русија во боева готовност е како дел од поширокиот шаблон на неиспровоцирана ескалација и „производство на закани” од Кремљ, изјавија денеска од Белата куќа. 

– Ова навистина е шаблон што го гледаме од претседателот Путин во текот на овој конфликт, а тоа се производство на закани кои не постојат за да се оправда понатамошна агресија и меѓународната заедница и американскиот народ треба да гледаат на ова преку таа призма, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, во интервју за „Еј-би-си”. 

Ние се спротивставуваме на тоа и имаме капацитет да се одбраниме, и да повикаме гласно за тоа што Путин го прави”, додаде таа. 

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Псаки изјави дека САД се подготвени да испратат повеќе хуманитарна, економска и одбранбена поддршка за Украина во нејзиниот отпор против тековната инвазија на руски воени сили во земјата. 

– Би сакала да истакнам дека санкциите што ги објавивме вчера ја ставаат Русија во исто друштво со Иран, отсекувајќи ја од банкарскиот систем на глобалната заедница, изјави Псаки. 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот