бела куќа фото МИА

Белата куќа бара истрага за инцидентот со подвижните скали во ОН

Белата куќа денес побара итна истрага откако ескалаторот што го користеа претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп при пристигнувањето на Генералното собрание на ОН наводно запрел.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изрази загриженост на социјалните мрежи, нагласувајќи дека ако инцидентот бил намерен, одговорните ќе мора да бидат отпуштени и веднаш истражени, пишува CNN.

„Ако некој во ОН намерно го запрел ескалаторот додека претседателот и првата дама се качувале по него, мора да биде отпуштен и веднаш истражен“, напиша Левит на X, споделувајќи видео од британскиот весник „The Times“.

Во статијата се вели дека вработените во ОН наводно се шегувале дека ќе ги исклучат ескалаторите и лифтовите за да му кажат на Трамп дека „нема пари“ и дека мора да се качува по скалите.

За време на говорот на Генералното собрание на ОН, Трамп го спомена дефектот, шегувајќи се за „не многу мазниот прием“.

„Ова се двете работи што ги добив од Обединетите нации: лош ескалатор и лош телесуфлер“, рече Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот