Крешник Бектеши, министер за економија/Фото: Скриншот

Бектеши: Сите енергетски капацитети во земјава работат со полн капацитет

Сите енергетски капацитети во земјава работат со полн капацитет, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

-По долги години целиот енергетски капацитет во државата работи во полн капацитет за производство и снабдување со електрична енергија, истакна министерот Бектеши во емисијата ДЕТЕКТОР на Телевизија Сител.

Во анкетата спроведена од ИПИС која беше презентирана во емисијата ДЕТЕКТОР на ТВ СИТЕЛ, каде што гостуваше министерот Бектеши, од испитаниците Албанци, 47 отсто од Албанците сметаат дека државата е подготвена да се соочи со енергетската криза во текот на следните период, за разлика од македонските испитаници, од кои само 28 проценти сметаат дека државата има капацитет да се соочи со енергетската криза.

Бектеши, како што е наведено во соопштението од Министерството за економија, повтори дека од 1 јануари 2023 година ќе има пониски цени на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи.

-Вкупно 99,2 отсто домаќинства во земјава ќе имаат намалување на цената на струјата, изјави Бектеши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот