Пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Бектеши останува во притвор, поранешните кочански градоначалници – во куќен притвор

Апелациониот суд во Штип ги одби како неосновани жалбите на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и ексградоначалниците на Кочани, Николчо Илијев и Ратко Димитровски.

Со оваа одлука, Бектеши останува во притвор, а Илијев и Димитровски во куќен притвор. Тројцата се осомничени во истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 62 млади луѓе.

Во притвор останува и поранешната државна секретарка во Министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ, која ставила потпис на втората лиценца за вршење на угостителска дејност на дискотетката.

Судот денеска одлучуваше по жалби на осуммина осомничени, а прифати само една – мерката куќен притвор му се заменува со мерки на претпазливост на еден од осомничените, инспектор во Државниот пазарен инспекторат во Виница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот