
Бектеши: Извесно е враќањето на евтината струја
Министерот за економија Крешник Бектеши потврди дека се при крај анализите за враќање на дневната евтина тарифа на струјата уште летово. Тој додаде дека секаде каде што државата може да го преземе товарот, тоа ќе биде сторено, како одговор на прашањето дали ќе се врати ДДВ од 18 отсто на струјата.
Препорачано
Според Бектеши, поголемиот дел од предложените енергетски мерки на Стопанската комора на Македонија се прифатливи и сè што е во доменот на неговиот ресор ќе биде поддржано за да бидат граѓаните и стопанството добро снабдени со енергенси. Деветте предлог мерки што државата треба да ги преземе за да се поддржи економијата во енергетска криза се испратени од СКСМ до сите државни и јавни институции што имаат надлежност во енергетиката, а произлегоа од неодамнешниот состанок на Македонската енергетска асоцијација.
– Веќе ги олеснивме процедурите за фотоволтаични централи и работиме и на сите други мерки пред новата грејна сезона – рече Бектеши, коментирајќи еден од предлозите на СКСМ за тоа евтината струја од фотоволтаиците, да ја купува АД ЕСМ, наместо производството на поскапа електрична енергија од термоелектраните.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
21мин
-
22мин
-
38мин
-
51мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5