Фото: EPA-EFE/MICHAEL BUHOLZER

Бекам го избра најдобриот фудбалер на сите времиња и го пофали Гвардиола

Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Милан и ПСЖ, истакна дека Лионел Меси за него е најдобриот фудбалер на сите времиња.

Бекам кој сега е сопственик на Интер Мајами каде што Меси настапува нема дилеми дека Аргентинецот е најдобар на сите времиња, а додаде и дека нема некој кој би можел да му парира.

„Лео е најдобар фудбалер на сите времиња, едноставно никој не може да му парира“, изјави Бекам.

Бекам зборуваше и за Лигата на шампионите каде што прогнозираше дека Реал Мадрид ќе биде шампион, а исто така имаше пофални зборови и за Пеп Гвардиола.

„Тој е еден од најдобрите тренери во светот. Секој клуб поминува низ тешки моменти, посебно ако изгуби некој фудбалер или дојде нов, се случуваат такви работи поради промени“, истакна Бекам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот