Барселона пред „Камп Ноу“ постави статуа на најголемата легенда

Шпанскиот фудбалски гигант, Барселона, вчера на симболичен начин и се оддолжи на една од најголемите легенди на клубот, Јохан Кројф. Вчеравечер на стадионот „Камп ноу” е поставена бронзена статуа на Кројф, висока 3.5 метри и тешка 3.500 килограме бросо во чест на легендата на каталонскиот клуб Јохан Кројф.

На изработката на статуата се работеше дури четири месеци, а неа ја направи холандската скупторка Кори Амерлаан.

– Оваа статуа е гордост на целото семејство на Барселона. Сакаме да се заблагодариме на сите кои овозможија да се направи ова ремек дело. Статуата се наоша на посебно место за Јохан кој тука помина многу време – изјави синот на Јохан, Жорди Кројф, кој исто така играше за Барселона.

Јохан Кројф дресот на Барселона го носеше шест години, од 1973 до 1978 годин и во тој период постигна 61 гол на 184 натпревари. Со Барселона освои една шампионска титула и еден Кралски Куп. Во богата кариера, три пати ја освојуваше златната топка (1971, 1972, 1973), а според статистиката на ИФФХС е прогласен за најдобар европски фудбалер во 20 век, и е втор најдобар светски фудбалер исто така за 20 век, веднаш зад Пеле.

Подоцна, од 1988 до 1996 година беше тренер на Барселона. Под негово водство, клубот четири пати ја освои Примера (1991, 1992, 1993, 1994) и стигна до Суперкупот на УЕФА (1992).

Холанѓанецот не беше авангарда само на теренот како играч, туку и како тренер и подоцна како функционер. Токму Кројф ја формира славната фудбалска академија „Ла Масија“, и е креатор на сегашната фудбалска филозофија на Барселона. Кројф почина во 2016 година на 68-годишна возраст од рак на белите дробови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот