Феран Торес во зимскиот преоден рок ќе ја засили Барселона/ фото: EPA-EFE/Clive Brunskill

Барселона го договори првото зимско засилување за 55 милиони евра

Фудбалерот на Манчестер сити, Феран Торес, ќе биде првото засилување за Барселона во 2022 година. Новинарите Тони Хуанмарти, Матео Морето и Хави Мигел, потврдија дека Торес за сума од 55 милиони евра плус 10 милиони во бонуси во јануари ќе се пресели на „Камп Ноу“ .

Торес ќе биде второто засилување за Барселона по доаѓањето на Чави Ернандез за тренер, претходно беше договорена повторна соработка со Дани Алвеш кој од 2008 до 2016 година настапуваше за каталонскиот тим.

Интересно е што Барселона ќе плати дури 55 милиони евра за Торес, иако во минатото имала можност да го донесе фудбалерот за само седум милиони евра. Имено во 2017 година, кога Торес бил прекомандуван во првиот тим на Валенсија, Барселона имала можност да го купи за само седум милиони евра, но тогашниот претседател Хосеп Марија Бартомеу ја отфрлил таквата идеја. Торес во Сити дојде од Валенсија 2020 година за само 23 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот