Фото; EPA-EFE/Alberto Estevez

Барселона доби казна од УЕФА за првиот натпревар против ПСЖ

Екипата на Барселона е казнета поради расистичко однесување и други постапки на своите навивачи во првиот натпревар од четвртфиналето против Пари Сен Жермен, пренесуваат медиумите.

УЕФА покрај расизмот ја казнила Барселона уште за користење на пиротехнички средства и нанесување штета на стадионот во Париз. Најавите се дека каталонскиот гигант ќе мора да плати парична казна од 32.000 евра.

Барселона во Париз победи со 2:3, но во вторникот на свој терен беше поразена со 1:4 и така го заврши настапот во најелитното европско натпреварување за оваа сезона.

Покрај парична казна на Барселона и е забрането да продава влезници на своите навивачи во следниот натпревар во УЕФА натпреварувањата.

Исто така Барселона има рок од 30 дена да се договори со ПСЖ за подмирување на штетата на стадионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот