
Барса нема да го продава Френки де Јонг за помалку од 100 милиони евра
Фудбалскиот клуб Барселона во текот на летото ќе помине низ нова транзиција откако Чави Ернандез ќе ја напушти тренерската позиција, а по него ќе заминат уште најмалку шест играчи. Серж Консеисао и Ханси Флик моментно се главните опции за наследник на Чави, а патем ќе има и реконструкција на тимот.
Препорачано
Се претпоставува дека Рафиња ќе го напушти тимот, истото важи и за Серхи Роберто, Маркос Алонсо и Ориол Ромеу, неизвесно е што ќе биде со Феран Торес, Роналдо Араухо и Андреас Кристенсен.
Еден од оние кои до сега не привлекоа премногу внимание за трансфер во летниот преоден рок е Френки де Јонг. Холанѓанецот во минатото беше ставен на трансфер листата, но не сакаше да го напушти клубот, сега најверојатно се предомислил.
Според „Релева“, клубот нема да му застане на патот во случај на задоволителна понуда.
Она што е јасно е дека Де Јонг има откупна клаузула од дури 400 милиони евра и дека Барселона би можела да се согласи да го продаде за помалку, но се претпоставува дека таа нема да оди под 100 милиони.
Наводно, Де Јонг е свесен за интересот што го има од Манчестер јунајтед и не би било изненадување доколку замине на „Олд Трафорд“. А покрај „црвените ѓаволи“, интерес за фудбалерот покажуваат и ПСЖ и Челси.