
Барса и Ливерпул во преговори за холандскиот репрезентативец Френки де Јонг
Барселона ова лето би можела да се раздели со фудбалерот од средниот ред Френки де Јонг, откако веќе започна преговори со Ливерпул за потенцијален трансфер.
Препорачано
Според „Ел Национал“, спортскиот директор на Каталонците, Деко разговарал со претставници на англискиот клуб, откако во последните две-три години упорно тврдел дека „Камп Ноу“ може да се раздели со Холанѓанецот.
Договорот на Де Јонг со шпанскиот вицешампион е со важност до 2026 година, но тој самиот веќе не е толку категоричен за останување, особено откако неодамна изрази разочарување од неколкуте освоени трофеи со тимот.
Во 2022 година, играчот од средниот ред беше блиску до преселба во Манчестер јунајтед, со тоа што англискиот клуб постигна договор со Барселона, но на крајот играчот одби да го напушти Камп Ноу.
Ел Национал тврди дека Каталонците ќе бараат околу 40 милиони евра за Де Јонг, а заинтересирани се и клубовите од Саудиска Арабија. Во исто време се појавија информации дека Ливерпул е подготвен да понуди околу 35 милиони евра за неговите услуги.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
19мин
-
42мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5