
Барса и Френки Де Јонг во преговори за нов договор
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг изразил желба да ја продолжи соработката со каталонскиот клуб и моментно е во преговори за нов договор, пренесува Атлетик.
Препорачано
Важечкиот договор меѓу холандскиот интернационалец и Каталонците е со важност до 2026 година.
Раководството на Барса одлучи следната сезона да ја започне без играчи чии договори истекуваат во следните 12 месеци.
На почетокот на 2024 година клубот испрати предлог до таборот на 27-годишниот играч од средниот ред за продолжување на договорот, но тогаш немаше одговор. Во моментов двете страни потврдуваат дека преговорите се обновени.
Поранешниот играч на Ајакс оваа сезона забележа 29 настапи, иако претходно помина низ тежок период поради тешката повреда на скочниот зглоб поради која не настапи на Европското првенство во Германија 2024.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
19мин
-
42мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5