Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Барди пред договор со новиот клуб, нема да оди во Ризеспор

Македонскиот фудбалер Енис Барди според последните информации од турските медиуми кариерата ќе ја продолжи во Коњаспор.

Барди веќе го напушти Бодрумспор каде што настапуваше во изминатата сезона и се најавуваше дека е блиску до договор со Ризеспор, меѓутоа последните информации од Турција говорат поинаку.

Турските медиуми пишуваат дека клубот подолг период преговарал со македонскиот репрезентативец и наскоро се би можело да биде официјализирано.

Познати и се деталите од договорот според кој наводно Барди ќе стави потпис на соработка од две години и ќе добива плата од 500.000 евра.

По Трабзонспор и Бодрум, Коњаспор би бил трет клуб од Турција во кариерата на Барди, а претходно во кариерата го носеше дресот уште на Шкупи, Ујпешт и Леванте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот