Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Барање до Бајден да го признае Тајван како слободна и суверена држава

 Поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео ја повика администрацијата на претседателот Џо Бајден дипломатски да го признае Тајван како слободна и суверена држава.

– Мојот став е дека американската влада треба веднаш да ги преземе неопходните и одамна задоцнети чекори, за да ја направи вистинската и очигледна работа, а тоа е да и понуди на Тајван дипломатско признавање како слободна и суверена земја, изјави Помпео на форумот во организација на Фондацијата „Проспект” со седиште во Тајпеј, пренесува ДПА.

„Ова не е за идната независност на Тајван, туку за препознавање на непогрешлива веќе постоечка реалност”, рече Помпео.

Официјален Пекинг го смета Тајван за дел од Кина, и покрај тоа што островот има независна влада од 1949 година.

Додека САД го снабдуваат Тајван со оружје, сепак претходните администрации никогаш немаат отворено кажано дека ќе понудат воена помош во случај на инвазија. Сепак, американскиот претседател Џо Бајден во октомври рече дека САД имаат „обврска” да го сторат тоа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот