Ајфон Епл мобилен телефон Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Барајте поевтин производ на апликација – помладите на паметен телефон, а постарите со тефтерчето в рака!

Сите мали, средни и големи трговци имаат обврска цените да ги објавуваат на своите веб-страници и редовно да ги внесуваат промените. На пример ако ве интересира цената на млекото денеска, ќе треба да го напишете во пребарувачот името на производот, а тој треба да ви ја изгенерира најевтината цена и каде може да ја најдете

Софтверските ИТ-компании се надеваат дека ќе може да „закачат“ некој оглас за изготвување на апликација на која граѓаните ќе може да ги гледаат актуелните цени на производите во маркетите. Експертите од овој сектор, брифираат за „Слободен печат“ дека апликацијата треба да функционира според принципот на прикажување на одреден производ во кој маркет е најевтин. На пример ако ве интересира цената на млекото денеска, ќе треба да го напишете во пребарувачот името на производот, а тој треба да ви ја изгенерира најевтината цена и каде може да ја најдете.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ решија да се борат против самоволието на трговците според израелскиот модел. Имено, секој производ треба на амбалажата да ја има и цената на чинење, а доколку тоа не е можно, тогаш цената мора да е јасно видлива и поставена странично или над артиклите што се продаваат во маркетите. Сите мали, средни и големи трговци имаат обврска тие податоци да ги објавуваат на своите веб-страници и редовно да ги внесуваат промените. Законот нема да се однесува на микро и трговците-поединци, а трговците кои имаат повеќе од продажни објекти ќе треба да ги објавуваат цените поединечно за секој од нив.

-Ваквото законско решение се очекува да доведе до фер конкуренција и пониски цени, особено во секторот на прехранбени производи, при што ќе може да се направат и апликации и веб-страници кои ќе им овозможат на потрошувачите да ги споредуваат цените помеѓу различните трговци на мало – посочи Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Мнозинството пратеници во Собранието се согласија по скратена постапка да се измени и дополни Законот за заштита на потрошувачите. Претходно премиерот Мицкоски рече дека додека не се донесат измените може да се бара маркетите да ги објавуваат цените на производите кои ги нудат на своите интернет-страници.

– Тоа е израелски модел кој го прифатија голем број други земји, а ние бевме меѓу првите – информира тој.

Комјутерџиите се скептични за функционалноста на ова законско решение.

-За да се користи оваа апликација, ви е потребен паметен телефон или комјутер и таблет. Помладите сигурно имаат ваква можност, но што правиме со старите лица, кои едвај знаат да стиснат „да“ или не“ за да одговорат на повик, а не па да се користат со вака модерна дигатална алатка – предупредуваат ИТ инженери.

 Пали колата, ќе бараме најевтин бурек и слатки

Пекарите и слаткарите, особено оние помалите, се збунети, дали новото законско решение се однесува и на нив, односно дали и тие ќе мора секојдневно да ги ажурираат цените на нивните производи?!

-Ние имаме три дуќани, не знаеме што да правиме – велат во една скопска бурекџилница?

Граѓаните пак се шегуваат дека ако биде така тогаш ќе ја „прашуваат“ апликацијата каде има најевтин бурек и ќе одат дотаму, па макар и да е во друг град.

-До Солуна, сто сомуна, ова некако ми личи на тоа – реагираат шегаџиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот