Вилијам Бар и Доналд Трамп/Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Бар: Републиканците ќе направат „голема грешка“ ако го номинираат Трамп на изборите во 2024

Вилијам Бар, поранешниот јавен обвинител на Доналд Трамп, во телевизиско интервју изјави дека би било „голема грешка“ за Републиканската партија ако го номинира Трамп за претседател во 2024 година, пишува Гардијан.

Појавувајќи се на телевизискиот канал Њузмакс, Бар рече дека Трамп, кој навести дека повторно ќе се кандидира, нема да биде здрав избор.

„Мислам дека тој не треба да биде наш кандидат – кандидат на Републиканската партија“, рече Бар.

„И мислам дека републиканците имаат голема можност – би било голема грешка ако го предложиме“.

Во една анкета во јануари, 57 отсто од републиканските гласачи рекоа дека ќе го изберат Трамп за кандидат на претседателските избори во 2024 година.

Трамп, кој двапати беше отповикан во текот на неговите четири години во Белата куќа, постојано ги „потпалуваше“ своите поддржувачи со предлози дека повторно ќе се кандидира.

„Ние го направивме тоа двапати, и ќе го направиме повторно“, рече Трамп во 2020 година.

„Ќе го направиме тоа повторно по трет пат“.

Сепак, забелешките на Бар сигурно ќе го налутат Трамп, кој постојано е во судар со неговиот поранешен јавен обвинител откако ги загуби изборите во 2020 година.

„Кога радикалните леви демократи се заканија дека ќе го држат со презир и уште полошо, дека ќе го отповикаат, тој практично стана безвреден за Законот и редот и изборниот интегритет“.

Трамп претходно го нарече Бар „суштество од мочуришта“ и дека е исплашен, слаб и искрено… патетичен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!