unsplash

Бамја, зеленчук што се користи уште од древни времиња

Овој зеленчук бил познат уште во древните арапски земји, а најмногу го обожавале султаните. Пред три века во САД го донеле робовите и станал многу популарен. Денес се бамјите се користат во готвењето, но некако бесправно се запоставени иако се многу корисни.

Бамјите спаѓаат во родот хибискуси и се тесно поврзани со нив како и со памукот. Тие се достапни од мај до октомври, а во Африка се достапни во текот на целата година. Можат да се најдат замрзнати, конзервирани или маринирани. Богати се со витамини од Б групата, витамин Ц,Е и К, што се однесува до минералите најмногу содржат калиум, магнезиум, фосфор, калциум и железо.

unsplash
Китките бамји растат во џбунови и потсетуваат на зелени пиперки со големина на прст. Тие се берат кога не се целосно зрели. Многу е важно да се оберат свежите бамји додека се млади, па ако се остават до осум дена по зреењето, не се добри за готвење. Кај нас бамјите зреат во средина на јули и може да се јадат.

Бамјите се берат млади

При купување бамји треба да водите сметка мешунките да се млади без траги на оштетување. Исто така треба да се меки, но не премногу. Избегнувајте купување бамји што се подолги од 1, 5 сантиметри, бидејќи тоа е знак дека се презреани. Плодовите на бамјите се тенки, издолжени и заострени. Веднаш по купувањето, тие треба да се готват. Исто така, можно е да ги чувате во фрижидер, но треба претходно да ги ставите во хартиена кеса. Не се препорачува да се чуваат во затворена најлонска кеса или пластичен сад. Свежите бамји можат да се чуваат три дена во фрижидер, никако подолго.

Младите мешунки од бамји се прекриени со тенок слој влакненца, кои се отстрануваат ако ги истриете со оцет и сол и ги измиете. Исечете ги врвовите и дршките и тие се спремни за подготовка на разни јадења, зимница и туршија. Бамјите при готвење испуштаат една леплива течност, која на самите бамји им дава цврстина, поради што овој зеленчук е добар за готвење чорби и супи.

unsplash

Маринирани, варени или пржени

Бамјите можат да се јадат сурови, маринирани или приготвени на разни начини. Повеќето луѓе преферираат овој зеленчук да го јадат пржен или обарен, бидејќи тоа ја намалува количината на леплива течност. Бамјите можат да се користат и за правење салата, а нивниот лесен вкус одлично се вклопува со разни видови месо, ориз или друг зеленчук. Зрелите плодови од ова растение не можат да се обработуваат термички, а во некои земји семето се користи како замена за кафе.

Ако не сакате во јадењето да се чувствува лепливоста на бамјите, потопете ги во ладен сок од лимон да стојат два часа или избланширајте ги пет минути во вода со оцет.

unsplash

Интересно е тоа што од мешунките на бамјите се добива растителен екстракт кој се користи како замена за ботокс. Овој екстракт го намалува грчењето на мускулите и ги опушта. Исто така, го неутрализира пробивањето на штетните материи и слободни радикали во клетките и чува од превремено стареење. Докажано е дека е корисен зеленчук за лица што имаат проблем со црниот дроб и бубрезите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот