КАРТА БАЛТИК ФОТО МИА

Балтичкото Море би можело да стане место на постојана конфронтација

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека Балтичкото Море, како и источната граница, може да станат место на постојани конфронтации, а инцидентите во кои учествуваат руски саботери може да се случуваат се почесто.

За време на брифингот во Центарот за поморски операции во Гдиња, Туск исто така нагласи дека не случајно се покажала како неопходна иницијативата на НАТО „Балтичка гарда“, која патролира во најважните објекти во Балтичкото Море.

Доналд Туск, полски премиер/Фото: EPA-EFE/PAWEL SUPERNAK POLAND OUT

„Да не се лажеме… Балтичкото Море може да стане, исто како и источната граница на Полска денес, место на постојана хибридна конфронтација“, рече тој, пренесе агенцијата ПАП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот