
Бајден објави нови санкции: Руските олигарси го крадат народот и ги кријат парите во нашите земји
Американскиот претседател Џо Бајден објави нови санкции против Русија и рече дека Г7 ќе воведе нови санкции за се поголем број руски олигарси и нивните семејства.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Г7, исто така, го засилува притисокот врз корумпираните руски милијардери. Додаваме нови имиња на списокот на олигарси и нивните семејства, изјави Бајден во Белата куќа.
– Тие го поддржуваат Путин. Крадат од рускиот народ и се обидуваат да ги скријат своите пари во нашите земји. Тие се дел од таа клептократија што постои во Москва и мора да бидат дел во овие санкции, рече тој.
Бајден рече дека ќе биде забранет увозот на морска храна, вотка и дијаманти од Русија. Ќе се забрани и извоз на луксузни стоки во Русија.
Тој додаде дека САД ќе го отповика статусот на Русија на „трајни нормални трговски односи”. Тоа значи дека САД ќе воведат царини за широк спектар на руски стоки, рече Бајден.
– Ќе продолжиме да го притискаме Путин. Тој е агресор, тој мора да ја плати цената, истакна Бајден.
Тој исто така рече дека Русија „ќе плати висока цена” доколку употреби хемиско оружје.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
34мин
-
37мин
-
53мин
-
58мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5