Џо Бајден
Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Бајден ги поздрави Иранките кои со недели протестираат низ улиците на земјата

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека протестите во Иран поради смртта на 22-годишната Махса Амини се изненадувачки и дека САД ги поддржуваат храбрите Иранки.

Бајден рече дека Иран мора да го прекине насилството врз своите граѓани со едноставно почитување на нивните човекови права.

Тој го кажа ова на колеџот во Ирвин, Калифорнија, додека им се обрати на група ирански протестанти кои носеа транспаренти „Слободен Иран“, објави Гардијан.

Според иранската група за човекови права со седиште во Осло, во протестите во Иран загинаа повеќе од 100 луѓе.

Апсењата на демонстрантите продолжија и покрај повикот на Амнести интернешнал да престанат, како и убиствата на малолетници бидејќи најмалку 23 од нив загинаа во протестите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!