Фото: EPA/LARRY W. SMITH

Бафет ќе донира околу 6 милијарди долари акции од „Беркшир Хатавеј“ на пет фондации

Ворен Бафет ќе донира околу 6 милијарди долари акции од „Беркшир Хатавеј“ на пет фондации, како дел од ветувањето што го даде пред речиси две децении, според „Блумберг“.

Според соопштението, околу 9,43 милиони акции ќе бидат дадени на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс. Дополнителни 2,92 милиони акции ќе бидат дадени на фондациите на неговите деца – Фондацијата Шервуд, Фондацијата Хауард Г. Бафет и Фондацијата Ново – како и на Фондацијата Сузан Томпсон Бафет, именувана по покојната сопруга на милијардерот.

94 -годишникот ја започна „Заклетвата за давање“ во 2010 година со пријателите Бил Гејтс и Мелинда Гејтс, со цел да го подари своето богатство додека е жив или кога ќе почине. Четири години претходно, тој почна да дава огромни донации на Фондацијата Гејтс, како и на фондации поврзани со неговите деца.

Бафет претходно оваа година објави дека ќе се повлече од функцијата извршен директор на „Беркшир Хатавеј“ до крајот на 2025 година, препуштајќи му ја улогата на својата долгогодишна десна рака, Грег Абел. Бафет рече дека нема да продаде ниту една акција на „Беркшир Хатавеј“, туку постепено ќе ја отстапи.

Поседите на Бафет во Беркшир сега се состојат од 198.117 акции од класа А и 1.144 акции од класа Б.

„Немам долгови, а моите преостанати акции од категорија А вредат околу 145 милијарди долари, што е далеку над 99% од мојата нето вредност“, рече Бафет. „Мојот тестамент предвидува приближно 99,5% од мојот имот да биде даден во добротворни цели“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот