
Бафет го продаде целиот удел во кинескиот производител на автомобили BYD
Американската компанија на Ворен Бафет, Berkshire Hathaway, го продаде целиот свој инвестициски удел во кинескиот производител на автомобили BYD. Со ова завршува 17-годишна инвестиција чија вредност се зголеми за повеќе од 20 пати во тој период, објави CNN.
Препорачано
Во поднесениот извештај од енергетскиот огранок на Беркшир, инвестицијата во BYD на крајот на март е наведена како нула, во споредба со 415 милиони долари на крајот на 2024 година. Компанијата на Бафет почна да инвестира во BYD со седиште во Шенжен во 2008 година, кога плати 230 милиони долари за околу 225 милиони акции, што е еквивалентно на 10 проценти удел во тоа време.
Нов кинески електричен автомобил по цена на десет години стар европски модел
Berkshire Hathaway почна да продава акции во кинеската компанија во 2022 година откако нивната цена се зголеми за повеќе од дваесеткратно. Генералниот директор на BYD за брендирање и односи со јавноста, Ли Џунфеи, ѝ се заблагодари на компанијата на Бафет за „инвестициите, помошта и дружењето во текот на изминатите 17 години“, објави Танјуг.
Тој ја опиша продажбата на уделот како „нормално тргување со акции“.
Кинезите ги „напаѓаат“ Порше и Ферари- имаат луксузен автомобил со исклучителни можности
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
50сек
-
2мин
-
4мин
-
7мин
-
14мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5