фото: EPA-EFE/ASH ALLEN

Баерн го финализира трансферот на Луис Дијаз

Баерн Минхен е многу блиску до потпис со крилниот напаѓач на Ливерпул, Луис Дијаз. „Билд“ тврди дека договорот треба да биде финализиран денеска или во понеделник.

Двата клуба беа во напредни преговори во последните денови, а 28-годишниот колумбиски фудбалер не играше на тест натпреварот на „Црвените“ против Милан вчера.

Ова беше јасен знак дека тој е на пат да го напушти „Енфилд“.

Се очекува Баерн да плати околу 75 милиони евра за Луис Дијаз, а во оваа сума се вклучени и бонусите.

Се очекува Дијаз да потпише договор на четири години со германскиот шампион со плата од 14 милиони евра по сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!