Лозарство РСМ/ Фото Архива на Слободен печат

Бачовски: Исплатени субвенциите за лозарите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 14.113 лица кои одгледуваат лозови насади исплати вкупно 550.741.044 денари.

Станува збор за исплата на мерките: „директни плаќања за оддржување на лозови насади“ како и „директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања во последните три години“.  Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, информира дека субвенциите за лозарите се веќе на нивните сметки.

„Парите за лозарите ги исплаќаме пред празникот „Свети Трифун“ кога и официјално почнуваат активностите околку производство на нова реколта на домашно грозје и вино. Наше е да обезбедиме поволни услови и средства кои ќе помогнат во намалување на производните трошоци. На  лозарите останува да дадат се од себе да произведат квалитетно грозје од кое ќе може да се произведе и добро вино. “ – информира директорот Бачовски.

Преку креирање на мерки, програми Агенцијата, Владата и МЗШВ ќе продолжат да создаваат  поволни услови за развој на агро – секторот.

Сите кои се стекнале со право за користење на финансиска поддршка, во еден ден и без никаква селекција ги добиваат средствата кои им следуваат. Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенцииите продолжува. Земјоделските субвенции ќе се исплаќаат во период кога средствата им се најпотребни на земјоделците, односно пред почеток на новата реколата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот