Бранко Азески / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Азески порачува минималната плата да не оди преку економските параметри

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, вели дека Комората не е против покачување на минималната плата, но и дека нејзиниот износ треба да биде формиран врз основа на економските параметри во државата.

„Лично јас секогаш сум бил минималната плата според критериумите да биде утврдена на највисоко ниво. Секогаш сум бил на страната на потрошувачката, мислам дека тоа е основа, да се создава, а не да се штеди. Да се создава и да може да се покриват трошоците. Штедењето е домаќинска работа и му одговара на нашиот народ, но јас како бизнисмен сакам да создавам што повеќе и да ги покривам трошоците. Ја поддржувам таа иницијатива, немам никаков проблем ако тоа го покажат пресметките“, рече Азески одговарајќи на прашања на медиумите по средба со бизнисмените од Охрид.

Што се однесува на одлуката на американската администрација за воведување тарифи за македонските производи, Азески рече дека САД се стратешки партнер на Македонија и дека тука „државата нема многу можности за алтернативи“.

„Тоа сè уште не е завршено, секојдневно слушаме за некакви промени. Веројатно американската администрација прави атмосфера за разговор на таа тема, секој ќе си го каже своето мислење. Ние ќе се бориме за правата на економијата, за царините, но почитувањето кон САД треба да остане како кон изразито стратешки партнер и тоа да се решава преку разговор што е единствен услов за напредок… Формулата за решавање на сè е разговор и трпеливост. Бизнисот бара брзина, политиката наметнува трпеливост. Оттаму заклучокот: економијата на екомистите, политиката на политичарите. Почитување на стратешкото партнерство со САД, подобрување на односите со Германија како најголем трговски партнер. Македонија не смее да ги запостави евроатлантските интеграции, ниту регионалната соработка. Ние сме премногу мали за какви било авантури, треба на сите позиции и места да бидеме позитивно поставени, да учествуваме во сите преговори и разговори“, рече Азески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот