Австрија - Фотографија ЕПА, Кристијан Бруна

Австрија протера руски дипломат осомничен за шпионажа

Руски дипломат, кој претходно беше осомничен за шпионажа во австриската нафтена и гасна компанија ОМВ, е прогласен за персона нон грата во Австрија, објави австрискиот јавен сервис ОРФ.

„Тој веќе ја напушти земјата“, изјави портпаролка на австриското Министерство за надворешни работи за агенцијата АПА, пренесува Блумберг.

Руската амбасада во Виена претходно одби да го одземе дипломатскиот имунитет на својот вработен, што ја оневозможи австриската страна да покрене истрага.

Според австрискиот весник Профил, дипломатот неколкупати се сретнал со вработен во ОМВ, кој во меѓувреме е отпуштен, а неговите активности биле следени од Дирекцијата за државна безбедност и разузнавачки служби (ДСН).

При претрес на домот на поранешниот вработен во ОМВ биле пронајдени бројни интерни документи на компанијата. Иако постоеле сомнежи дека дипломатот е поврзан со руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), во Австрија не можело да се покрене кривична постапка поради неговиот дипломатски статус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот