Фото: Ivelin Ivanov / Alamy / Alamy / Profimedia

Австрија: Маж „висел“ на брз воз кој тргнал без него и преживеал

Неверојатен инцидент се случи во Австрија, каде што еден маж беше заглавен во брз воз во саботата навечер. Станува збор за 24-годишник од Алжир кој навистина имал среќа да се спаси.

Според она што е објавено, младиот човек излегол од возот за да пуши, но немал време да се качи и бил фатен надвор од возот на станицата Санкт Пелтен, западно од Виена.

„Тоа е неодговорно, може да доведе до смрт“, рече портпаролот на австриските железници, Херберт Хофер. „И не само што се ставате во опасност, ако завршите под возот, мора да дојдат спасувачи, полиција и противпожарна служба“, истакна тој.

Како што опиша Хофер, откако се закачил на возот, почнал да удира по прозорците, а возачот ја притиснал сопирачката за итни случаи.

Според весникот „Хојт“ и како што објави „Гардијан“, човекот успеал да стигне до празнината меѓу вагоните.

Штом возот стигнал на следната станица, 24-годишникот бил уапсен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот