Австриско знаме / СП. архива

Австрија депортираше 11 странци во Хрватска – претежно Авганистанци

Во среда наутро, Австрија депортираше 11 странци во Хрватска, кои немаа дозвола за престој во оваа алпска земја, потврди австриското Министерство за внатрешни работи за локалните медиуми.

Се работи за шест мажи и пет жени. Седум од депортираните се од Авганистан, двајца се од Русија, едно лице е од Турција, а една жена е од Сомалија, пишува Н1.

Како што објасни австриското Министерство за внатрешни работи, оваа „Национална операција за враќање“ е организирана и координирана од Австрија. Со назнака дека дестинацијата е Хрватска, објавува списанието „Феникс“.

Авионот со 11-те депортирани лица полетал од Виена денес во 10 часот наутро. Исто така, беше нагласено дека ниту едно од 11-те лица немало правно обврзувачка пресуда.

„Депортациите се дел од конзистентна, строга и затоа фер политика за азил. Секој ден, во просек 35 лица мора да ја напуштат Австрија. Тоа се околу 13.000 годишно, од кои повеќе од половина извршиле кривични дела“, изјави за „Хојте“ австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер.

Минатиот четврток во Министерството за внатрешни работи во Виена се одржа состанок со актуелни претставници на авганистанската администрација. Како дел од подготовките за депортација, идентификувани се 30 криминалци од Авганистан осудени во Австрија.

Овие лица се осудени, за тешки кривични дела: обид за убиство, силување, тешка кражба, нанесување тешки телесни повреди, кражба, провала, опасна закана, отпор кон државните власти и кривични дела поврзани со дрога.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека „продолжува интензивно да работи на олеснување на депортацијата на криминалци во Сирија и Авганистан“.

Во првата половина од годината, просечно 35 лица кои биле криминалци или немале дозвола за престој биле депортирани од Австрија речиси секој ден. Минатиот четврток, седум лица биле депортирани во Бугарија.

Според изјавите од австриското Министерство за внатрешни работи, она што го прави Австрија претставува „пионерска улога во Европа во однос на строга, но фер политика за азил и депортација“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот