Copper. This sample was found in Lake Superior, Michigan, USA.,Image: 102204398, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: MICHAEL SZOENYI / Sciencephoto / Profimedia

Австралијци бараат бакар и сребро кај Нишка Бања: Започна копањето

Во реонот кај нишките села Горња Студена и Банчарево, кои се наоѓаат на падините на Сува Планина, австралиската компанија Apollo Mineral Limited започна со дупчење во потрага по можни наоѓалишта на бакар и сребро. Во близина е изворот Студена, еден од изворите што го снабдува Ниш со вода. Од Министерството за рударство и енергетика велат дека истражувањата и работите ќе се вршат само во согласност со условите пропишани од Институтот за заштита на природата на Србија, пренесува N1.

Како што објави компанијата „Аполо минерал“ на својата официјална веб-страница, на локацијата Студена започна дупчењето на длабочина од 600 метри, едно од потенцијалните наоѓалишта што се дел од нивниот проект во Србија – „Белградски бакар проект“.

Од компанијата наведуваат дека Студена неколкупати во историјата имала „појави“ на бакар со мали подземни ископувања и тоа на почетокот на 20 век. Се вели дека едниот влез е длабок околу 50 метри, со две нивоа кои имаат вкупна должина до 85 метри.

Од Министерството за рударство и енергетика за „Јужне вести“ велат дека компанијата „Еделвајс Минерал Експлорејшн“, регистрирана во Србија од компанијата „Аполо Србија лимитед“ добила одобрение за геолошки истражувања во потегот на селото Горња Студена-Банчарево уште во 2021 година. На прашањето дали при издавањето на дозволата е земен предвид фактот што локацијата се наоѓа во близина на изворот Студена, од кој се снабдува Нишље со вода, од Министерството велат дека истражувањето може да се врши само со почитување на условите издадени од Завод за заштита на природата на Србија и власти од Заводот за заштита на спомениците на културата.

Овие услови мора да бидат вградени во проектот за геолошки истражувања, односно работите може да се изведуваат само согласно пропишаните услови, а се со цел заштита на животната средина, како и заштита на изворите. Поточно, со решението на Заводот за заштита на природата на Србија од 2021 година, кое е составен дел на истражувачкиот проект, се пропишани условите за вршење на геолошки истражувања на локалитетот Студена – наведуваат од Министерството.

Напоменуваат и дека на оваа локација се уште не се зборува за отворање рудник, бидејќи геолошките истражувања се во почетна фаза.

Кога се вршат истражувања на метални минерални суровини, истражувањето трае 10 или повеќе години, па дури по завршување на истражувањето и проверка на резервите и ресурсите, доколку се докаже дека наоѓалиштето може да биде економски профитабилно, ќе се започне постапката за добивање дозволи за отворање рудници, кои мора да бидат во согласност со сите закони – објаснуваат од Министерството.

Дел од „белградскиот бакар проект“ на компанијата Аполо минерал е истражување на локалитетот Копајска река во општина Шврљиг. Од Министерството велат дека барањето за геолошки истражувања е поднесено, но дека се уште немаат издадено дозвола за работите. Според документацијата на компанијата, очекуваат на оваа локација да се најдат наоѓалишта на бакар и сребро, пишува Јужни вести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот