Палестина , палестинско знаме / Фото: ,,Слободен печат''- Драган Митрески

Австралија официјално ја призна Државата Палестина

Австралискиот премиер Ентони Албанезе објави дека земјата денес официјално ја признала „независноста и суверенитетот на Државата Палестина“.

Во документ објавен од Албанезе на Платформа X, се наведува дека Австралија ги признава „легитимните и долгогодишни аспирации на народот на Палестина да има своја држава“.

„Признавањето на палестинската државност од страна на Австралија, заедно со Канада и Велика Британија, е дел од координираниот меѓународен напор за создавање можности за решение со две држави“, се вели во соопштението.

Во документот се наведува дека почетокот на таквите можности би бил „стапување во сила на прекинот на огнот во Газа и ослободување на заложниците“, кои се држат во заробеништво од палестинската милитантна група Хамас од октомври 2023 година.

Се додава дека меѓународната заедница поставила „јасни барања“ пред палестинската власт.

„Терористичката организација Хамас не смее да има улога во Палестина“, се наведува, меѓу другото, во документот за австралиското признавање на палестинската државност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот