Знаме на Австралија / Фото: Rafael Ben-Ari/ Chameleons Eye / Avalon / Profimedia

Австралија назначи специјален пратеник за борба против антисемитизмот

Австралија ја назначи бизнисменката Џилијан Сегал за свој специјален пратеник за борба против антисемитизмот, во услови на зголемени тензии околу војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

Сегал беше на чело на неколку клучни тела кои ја претставуваат еврејската заедница и имаше високи улоги во образовниот и банкарскиот сектор, јавува Би-би-си.

Со ова назначување Австралија го следеше примерот на земји како Соединетите Американски Држави, Канада, Грција и Велика Британија, кои со години имаат слични позиции.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави дека наскоро ќе биде назначен специјален пратеник за борба против исламофобијата. Конфликтот на Блискиот Исток стана важно политичко прашање во Австралија, поради протестите на еврејската и муслиманската заедница, како и поради наглото зголемување на исламофобијата и антисемитизмот.

-Австралијците се длабоко загрижени за овој конфликт (на Блискиот Исток) и во вакви времиња, Австралијците мора да се држат заедно и да не се делат – рече Албанезе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот