Новинари / фото: МИА

АВМУ: Слободата на медиумите значи право на новинарите да истражуваат и информираат без какви било притисоци

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во контекст на денешното глобално одбележување на Светскиот ден на слободата на медиумите, кој годинава е посветен на длабокото влијание на вештачката интелигенција врз новинарството и медиумите, во денешното соопштение потсетува дека само професионални и независни медиуми можат да придонесат за одржлив општествен и демократски развој во ерата на брзи технолошки промени.

„Слобода на медиумите значи право на новинарите да истражуваат и информираат без какви било притисоци. Но со развојот на вештачката интелигенција оваа слобода добива ново значење и се соочува со нови предизвици“, велат од АВМУ.

Вештачката интелигенција, како што посочуваат во соопштението, отвора нови можности за унапредување на истражувачкото новинарство, автоматизација на создавањето содржини и забрзана проверка на факти, но носи и значајни ризици во поглед на генерирање дезинформации, лажни вести и манипулативни видеа.

„Вештачката интелигенција претставува вреден ресурс во новинарската практика, но таа не смее да биде целосна замена за темелната проверка, критичкото размислување и објективноста. Во оваа нова реалност, од суштинско значење е медиумите внимателно и одговорно да ги користат овие алатки, придржувајќи се до највисоките етички и професионални стандарди во своето работење“, се наведува во соопштението од АВМУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот