фото: EPA-EFE/Jose Manuel Vidal

Атлетико го понижи Реал – пет гола по 75 години

Атлетико Мадрид го декласираше Реал Мадрид со 5:2 и му го нанесе првиот пораз оваа сезона. Историска вечер на „Метрополитано“, бидејќи „јорганџиите“ првпат по цели 75 години постигнаа пет гола во градското дерби.

Поразот е уште потежок за Реал затоа што Атлетико досега имаше само две победи во сите натпреварувања од почетокот на сезоната. Мадридските медиуми се обидуваат да го ублажат дебаклот, но аналитичарите предупредуваат дека Чаби Алонсо е под сериозен притисок. Особено загрижува фактот што Реал на двата најголеми теста – против ПСЖ и синоќа со Атлетико – прими вкупно девет голови. Дополнителен проблем е што пет од шесте победи оваа сезона дојдоа против екипи од долниот дел на табелата.

Следниот голем испит е „Ел Класико“ на 26 октомври, кој може да биде клучен за иднината на Алонсо. Барселона, пак, уште вечерва може да го преземе врвот на табелата доколку го совлада Реал Сосиедад на „Монжуик“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот