
Астралиски „Квантас“ ја укинува својата нискобуџетна авиокомпанија „Џетстар Азија“
Австралиската авиокомпанија „Квантас“ ќе го прекине работењето на својата нискобуџетна авиокомпанија „Џетстар Азија“ на 31 јули 2025 година. Оваа компанија работи од Сингапур во последните 20 години.
Препорачано
Причината за затворањето се високите трошоци за работење, зголемените даноци и зголемениот притисок од конкуренцијата. Авиокомпанијата остварила профит само за шест години работење, додека во моментов очекува загуба од околу 35 милиони австралиски долари (околу 19,7 милиони евра). Повеќе од 500 вработени ќе ги изгубат своите работни места. „Квантас“ им вети отпремнина и помош при наоѓање ново вработување во рамките на концернот или во други авиокомпании. За патниците, затворањето на авиокомпанијата значи ограничувања на 16 рути во Азија – вклучувајќи летови помеѓу Сингапур и дестинации во Малезија, Индонезија и Филипините. Останатите операции на „Џетстар ервејс“ во Австралија, Нов Зеланд и Јапонија нема да бидат засегнати.
Патниците ќе добијат поврат на средства или ќе бидат пренасочени кон летови од групацијата „Квантас“. Сепак, може да има доцнења во исплатата на повратните средства бидејќи телефонските линии се преоптоварени и некои барања се одбиваат. Со затворањето на „Џетстар Азија“, околу 500 милиони австралиски долари (околу 281 милион евра) ќе бидат вратени на „Квантас“, а планирано е овие пари да бидат инвестирани во модернизација на флотата, објави Србија данас.