Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје / Фото: Данела Арсовска, Фејсбук
Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје / Фото: Данела Арсовска, Фејсбук

Арсовска: Сè тоа што е ветено во програмата ќе биде реализирано, набавка на автобуси ќе има

Интересот на граѓаните треба да биде пред сè и сè тоа што е ветено во програмата за модерно Скопје ќе биде реализирано, набавка на автобуси за јавен превоз ќе има, изјави денеска градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска одговарајќи на новинарско прашање, по пуштањето во употреба на новиот стерилизатор во ЈП Дрисла.

– Затоа што се сака да се вади од контекст морам да кажам. Буџет за набавка на автобуси за јавен превоз самите знаете во каква состојба е оставен буџетот и во редовниот буџет нема. Но, набавка ќе има, рече Арсовска.

Таа обвини дека некој пласира манипулации во јавноста со цел да деградира нечии политики.

– Да биле кадарни тие кои сега зборуваат немало само пет проценти да реализираат од својата програма и притоа да бидат казнети граѓаните за тоа што не исполниле тоа што им ветиле, нагласи Арсовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот