
Арсовска му одговори на Ѓорѓиевски: Парцелата на ЈП „Дрисла“ е во сопственост на Град Скопје
Имотот на парцелата на ЈП „Дрисла” е во сопственост и основана од страна на Советот на град Скопје е во директна надлежност на градот Скопје. Оттука, произлегува дека т.н. „правен тим” на Ѓорѓиевски е значително помалку едуциран за проблематиката за која е советуван градоначалникот, реагира градоначалничката Данела Арсовска по прес конференцијата на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, дека „Дрисла“ се наоѓа во општина Сопиште каде Градот нема ингеренции.
Препорачано
Она што ме радува пак од прес конференцијата на Ѓорѓиевски е фактот што тој денес призна дека токму ВМРО-ДПМНЕ во содејство со отпадници од владејачката ДУИ и СДСМ се организатори на блокадата на работата на КХС. Сакам да изразам и жалење за ноторните лаги на Ѓорѓиевски, кои пак произлегуваат, претпоставувам од неговата функционална неписменост – општина Кисела Вода нема никаков договор со Дрисла, напротив, барањето за склучување на договор е испратено до ЈП Дрисла вчера на 11.07.2023 година. Договор има компанијата „Анизор” која е ангажирана преку тендер од страна на општина Кисела Вода за одлагање на отпад во ЈП „Дрисла” со која никогаш немало никаков проблем. Но, би сакале да го потсетиме Ѓорѓиевски дека вечерта кога го истураше отпадот пред ЈП „Дрисла” самиот изјави дека тој чин го прави под „целосна сопствена одговорност” – соопштува Арсовска.