Фото: ЦУК

Армиски хеликоптер ќе го гасне пожарот кај Пепелиште, апел до жителите од неколку села да ги напуштат домовите

Полициски хеликоптер во моментов го гасне пожарот во Неготинско, а набргу ќе се придружи и еден армиски хеликоптер, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од ЦУК велат дека во моментов не постои директна опасност за населението, но Општина Неготино испрати апел до сите што престојуваат во блиските села како Брусник, Калањево и Липа во кои трајно живеат само неколку луѓе но истите се користат и како викенд населби, превентивно да заминат оттаму.

Сè уште активен пожарот кај Пепелиште, нема опасност за населбите и инфраструктурата

Армискиот хеликоптер „ми-17“ е планирано да се вклучи во гаснење на пожарот попладнево.

– Утрово, ЦУК упати и барање за поддршка за целосно извидување на теренот од воздух до МВР, а и барање за извидување од воздух со дронови на Граничната полиција и на „Фронтекс“ (Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, што обезбедува оперативна поддршка во управувањето со границите, како помош и во нашата држава) – споделија од Центарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот