Каја Шукова / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Архитектите и експертска јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје, најави Шукова

Кандидатката за градоначалничка н Скопје од СДСМ, Каја Шукова најави дека архитектите и експертска јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје.

Според неа, ноторен факт е дека сликата за Скопје е урбан хаос, непланско и нестандардизирано градење и отсуство на креативни и функционални решенија за секое клучно прашање во Градот.

„Градот, кој пост-земјотресот се обновуваше согласно тогаш најмодерните архитектонски решенија, логично и со визија за неговиот раст, кој во својата есенција го имаше хуманото живеење, здрава животна средина, автентичен стил и култура поставени со урбанистичко решение на големиот Кензо Танге – основоположник на архитектонскиот структурализам, денес наликува на бетонска џунгла која се зголемува и шири без никаков план, стил и емпатија“ напиша таа на Фејсбук.

.

Сето ова, како што вели, е резултат од криминалното работење на локалната власт раководена од ВМРО- ДПМНЕ и нивната, како што велеа најуспешна менаџерка – хаос, непланска и агресивна урбанизација. Наместо урбана метропола, Скопје е заложник на нивните бизнис зделки.

„Нашето Скопје функционира според Генерален урбанистички план од пред 13 години, од кои последиците ги трпат граѓаните – урбан хаос кој секојдневно го гуши животот на скопјани“ вели Шукова.

Според неа, кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски наместо да го осуди урбаното дивеење низ Скопје, тој молчи, а молчењето, како што вели таа значи поддршка.

„Плановите за урбан развој на Скопје, кој би ги понудил Орце никако нема да се разликуваат од реалноста која ја живееме изминатите 4 години, со оглед дека тој не ја осудува досегашната урбанистичка политика – напротив, сосем природно плива во рамките на истата. А тоа Скопје веќе не може да го издржи!“ додава Шукова.

Таа вели дека не е против градење, туку е против крадење и немање ред и план.

„Ние сме за урбано, хумано и планирано Скопје. Урбанизацијата мора да биде за граѓаните – не против нив. Тоа значи квалитетен живот, јавен простор, зеленило, инфраструктура и достоинствено домување“ посочи таа.

Затоа, уште на почетокот на нејзиниот мандат вели дека ќе ја заживее идејата за „Фондација развоен институт – Скопје“, ентитет што ќе ја организира активната соработка меѓу градот, академската и стручна заедница, граѓанските здруженија и сите засегнати актери на екосистемот.

„Таа ќе има за цел да воспостави нови практики за правилен системски развој на градот и неговата трансформација во одржлив, зелен, економски, културен и урбан центар. Тој процес ќе биде основа за носење на новиот ГУП пред крајот на првата година од мојот мандат.
Стратешките правци на развој на градот не смеат никогаш да зависат од политичката желба и амбиција на поединци како што беше примерот со проектот Скопје 2014-та“ додава Шукова.

Таа порача дека нема да дозволи агресивна и непланска урбанизација, како и дека интересите на граѓаните ќе бидат над криминалните интереси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот